Тројца битолчани уапсени под сомнение дека продавале дрога

by fokus

Одделот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност во Битола и инспектори од УЈП во заедничка акција по претходно изготвен план, ноќеска во 3:30 часот по полноќ извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Македонски гемиџии“ во Битола.

При контрола на објектот легитимирани се 15 лица и од слобода се лишени три лица поради сoмнение дека сториле кривично дело по член 215 од КЗ на РМ „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од слобода се лишени лицата Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп. При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење.

Поврзани новости