На притворените студенти ќе им се суди во петок

by Фокус

Во петок ќе почне судењето на студентите кои беа притворени по протестите против полициската бруталност и убиството на Мартин Нешковски. Мината недела беше поднесено обвинение против 12 лица за кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“.

Меѓу обвинетите се двајца студенти од Студентскиот пленум, како и вујкото на Мартин Нешковски. Тие веќе две недели се во притвор.

Студентскиот пленум и Хелсиншкиот комитет притворот за студентите го гледаат како мерка со која се врши тортура за да се заплашат сите останати студенти и граѓани кои сакаат да ги изразат своето незадоволство.

Поврзани новости