МВР вели 14 убиени терористи, Обвинителството 10

by Фокус

Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство излегоа со различни бројки за убиените терористи во акцијата во Куманово. Прво, МВР соопшти дека убиени се 14 терористи, а еден ден подоцна Основното јавно обвинителство рече дека им пристигнале 10 тела за обдукција.

-При увидот бројот на починати лица за кои надлежниот обвинител издаде наредба за обдукција е 10 лица. Со оглед чувствителноста и обемноста на настанот за кој се спроведува истрага, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не може да сподели повеќе детали, изјавија од Основното јавно обвинителство, а пренесе 24 Вести.

Народниот правобранител пак, се сомнева дека дел од приведените во акцијата во Куманово биле измачувани додека биле носени во притвор во Шутка. Посочи еден полицаец македонски државјанин кој живеел во близина на населбата, а бил приведен под сомение дека можеби е дел од терористичката група.

Поврзани новости