На пристаниште во Солун откриен e кокаин вредeн над 5,5 милиони евра

by vlatko 10:28
10:28

Грчката полиција запленила над 270 килограми кокаин со проценета вредност од над 5,5 милиони евра и уапсила тројца мажи, пишуваат грчките медиуми. Според полицијата, кокаинот бил скриен во контејнер со банани увезени од Еквадор.

Полицијата била информирана од Националната агенција за борба против криминалот на Обединетото Кралство дека кокаинот ќе биде пренесен со брод што се упатува кон северното грчко пристаниште во Солун.

Полициските службеници го пронашле кокаинот во контејнер, кој бил во пакувања со големина на тула, пред да биде натоварен во камион.

Меѓу уапсените мажи двајца се Грци, и тоа едниот е 40-годишен сопственик на компанија за транспорт, а другиот е 32-годишник.

Третиот уапсен е 47-годишен бугарски државјанин, кој бил во контакт со наркобанда и го организирал подигнувањето и транспортот на контејнерот.

Слични вести