Три лица биле приведени и задржани во полициската станица во Тетово по синоќешната престрелка, а се бараат и други лица за целосно расчистување на случајо, велат официјално од Министерството за внатрешни работи. Меѓу приведените се лица со иницијали Б.Д. и Д.М, како и 28-годишен жител на село Шипковица со иницијали Р.Џ.
„На 30.11.2018 година во 21.07 часот во СВР Тетово било пријавено дека во близина угостителски објект на улица „Маршал Тито“ неколку непознати лица од огнено оружје испукале куршуми. Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека по претходна расправија во казино помеѓу Н.М.(34) од една страна и Д.М.(43) од село Лавце и Б.Д.(43) од Тетово, од друга страна, тие излегле надвор на улицата, по што биле испукани куршумите. Повредени лица нема. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово“, соопштија од Министерството.