На пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, ќе му се суди за уништување изборен материјал

by fokus

Советот за оценка на обвинителен акт при Кривичниот суд го одбори обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот познат како „Титаник 3“, соопштија од СЈО.

Во овој случај СЈО ги обвини координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се товарат за уништување на изборен материјал. Според обвинението за време на локални избори 2013 година во просториите на Комисијата, обвинетите преправиле списи што служат за изборите и гласањето, записници од гласање и сумирање на резултатите. На тој начин извршиле додавање и одземање на повеќе гласови.

На овие избори победи кандидатот на ДУИ, Изет Меџити, кој доби трет мандатат.

Поврзани новости