121
Веројатно ова лето ќе биде вистинска голгота за оние што ќе одлучат да одат на одмор во Грција. Овој викенд, прв по завршувањето на наставата во училиштата, го соочи македонските, српските и други патници надвор од ЕУ дека новиот систем за влез во Унијата ќе предизвика многу главоблки, нервози и ќе бара уште поголемо трпение.
Патници преку социјалните мрежи информираат дека чекаат по два, три, четири часа за влез во Грција на премиенот Евзони во Грција. Дека колоната во Дојран е долга еден километар. Малку полабаво е на Меџитлија кај Битола.
Освен трпение, на возачите им треба и добро планирање на времето, а и вода за полесно да го поднесат жешкото сонце.