449
Со 43 гласа „за“, 56 гласа против и ниту еден воздржан, пратениците вечерва на полноќ ја отфрлија интерпелацијата за министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесена од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Собраниската расправа почна попладнево, со интерпелацијата за министерот за надворешни работи кого опозицијата го обвинува за штетен договор со Бугарија и за кариеризам.
Спикерот Талат Џафери следната седница на која треба да се најдат интерпелациите за министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја закажа за утре во 16 часот.