На непочната градба на автопати, државата ќе плати 300 милиони евра, затоа што тоа го договориле криминалците Груби и Ковачевски, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
-До почетокот на месец мај од буџетот на Македонија, од парите на граѓаните, по основ на авансно плаќање и пенали ќе се одлеат во приватниот конзорциум стотици милиони евра, затоа што тоа им го дозволиле Груби и Ковачевски – рече тој.
Од таму додаваат дека, според Договорот потпишан на 8 март, во рок од 45 дена на Бехтел и Енка треба да и се исплатат 50 милиони евра како аванс, 117 милиони евра за подготовка на градилишта и околу 53 милиони евра за пенали.
-Но тоа не е се. Крими дуото Ковачевски и Груби прифатило да се пролонгира изградбата за МИНИМУМ 6 дополнителни месеци а во тие 63 вкупни месеци за реализација на проектот да се исплаќаат и дополнителни казнени 1,2 милиони евра месечно во капиталните трошоци (за целиот период на градба тоа се минимум 80 милиони евра плус трошоци) – велат од опозициската партија.