На Мијалков ќе му се суди за масовното прислушување, одбиено барањето со кое се повикуваше на амнестијата на Иванов

by fokus

Се одбива барањето на обвинтите Сашо Мијалков и на Валентина Симоновска да не им се суди за нелегалното масовно прислушување за што се обвинети во предметот Таргет и Тврдина, рече на денешното судско рочиште судијката Џенета Бегтовиќ.

Барањето да не им се суди го поднесоа адвокатите на обвинетите кои се повикаа на амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов за овие обвинети. Судијката, пак, образложи дека барањето е одбиено бидејќи при оцена на обвинителниот акт веќе било одлучено за оваа околност, односно дека обвинетите не се амнестирани.

На денешното рочиште обвинителот Трајче Пеливанов побара судот да го отповика решението за издвојување на постапката за обвинетата Гордана Јанклоска, и да и се суди заедно со останатите обвинети. Решението за оздвојување на постапката за Јанкулоска беше донесена бидејќи таа беше бремена, но сега, бидејќи таа присуствува на останатите рочишта каде што е обвинета за други предмети на СЈО, а овој случај се уште не започнал, обвинителството предлага да се води единствена постапка со сите обвинети.

СДали на Јанкулоска ќе и се суди издвоено или не ќе биде познато на наредното судско рочиште закажано за 13 септември.

Поврзани новости