517
Сашо Милајков, поранешниот директор на УБК, Горан Грујевски, поранешниот началник на Петтата управа, Тони Јакимовски, поранешен шеф во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ, екс помошник министер во МВР, набрзо ќе седнат на обвинителна клупа и за случајот „Трезор“.
Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението за овој случај, во кој обвинетите се товарат дека проневериле државни пари за набавка на софтвер од странство за потребите на Петтата управа.