Дали е правилен преводот на „Република Илинденска Македонија“ на албански јазик што го употреби вчера премиерот Зоран Заев? Лингвисти велат дека овој термин не им е познат и дека нема смисла. Според дел од нив преводот е во судир со граматиката на албанскиот литературен јазик, пишува „Алсат М“.
“Мислам дека ова не е во ред и не се вклопува со правилата на албанскиот јазик. Ако се преведе на албански јазик би било „на Илија“, а не Илиндитасе”…, вели професорот Веби Беџети.
Професорот Фатмир Сулејмани објаснува дека во албанскиот речник не постои терминот Илиндитасе.
“И јас, како и сите Албанци, синоќа го слушнав овој термин за првпат. Секако, ми се чинеше интересно, превод кој нема суштинско значење. Како што знаеме, барем во сите историски документи на Илинден, ние тоа сме го превеле Илиндита. Се чини малку интересно и несоодветно. Мене апсолутно не ми се допаѓа. Требаше да биде име што одразува мултиетничкост, мултиконфесионалност и мултикултурност”, вели професорот Сулејмани.