Левица ќе поднесе кривична против Заев за загрозување на независноста

by fokus

Политичката партија Левица ќе поднесе утре кривична пријава против премиерот Зоран Заев до Основното јавно обвинителство – Скопје, за сторено кривично дело против државата, по чл. 308 од Кривичниот законик на РМ („Загрозување на независноста“).

„Сметаме дека со прифаќањето на недостоинствениот предлог „Република Илинденска Македонија“ за севкупна (надворешна и внатрешна), таксативно се исполнети сите законски елементи на посоченото тешко политичко кривично дело кое се гони по службена должност и за кое законот предвидува најмала казна од пет години затвор, па затоа претставници на нашиот правен тим ќе поднесат соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање“, велат од Левица.

Од таму додаваат дека детали од наводите во пријавата ќе бидат изнесени утре на прес-конференција.

Поврзани новости