359
Делегатите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово собрале 1.300 денари во кутијата за помош на, како што ги нарекуваат „неправедно притворените уставобранителите од 27 април 2017 година“, објави порталот „Сакам да кажам“.
Според делегати присутни на конгресот, кои се согласија да зборуваат под услов да останат анонимни, донирале четворица, од кои еден оставил илјадарка, а другите тројца по стотка.
Кутијата за донации беше поставена пред влезот на Домот на култура „25 мај“ во Валандово, но над 400 делегати, колку што присуствуваа на конгресот на 22 и 23 декември, само ја одминуваа, без да стават пари.
Фото: SDK.mk