На Канческа-Милевска ќе и се суди за изградбата на Музејот ВМРО

by fokus

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“.

„Советот за оценка на обвинителен акт на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) НСК – КО 10/16 означен како „Тендери“, донесе решени со кое го одобри обвинителниот акт“, соопшти попладнево Кривичниот суд.

Случајот „Тендери“ на СЈО се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Поврзани новости