506
Владата денеска донесе измени и дополнувања на протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, според кој бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 метри.
Од Владата соопштија дека и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи.
Исто така, задолжително е и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од пет лица со задолжително одржување на физичко растојание.