619
По проверката и дополнителната анализа на 19 позитивни случаи на Ковид-19 кај посетители кои на Кипар стигнале од Велика Британија, кај 12 е потврден новиот вид мутиран вид на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека по упатствата и насоките од Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести, биле анализирани потврдените примероци во периодот од 6 до 20 декември 2020 година и од вкупно 19 позитивни случаи од Велика Британија, кај 12 е потврден новиот вид VOC 202012/01.