Приведен радовишанецот кој со своето “БМВ” возеше по шеталиште

by fokus

Од МВР информираат дека го привеле радовишанецот кој со својот автомобил возел по шеталиште.

-Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко возило „БМВ“, полициски службеници од ОВР Радовиш денеска (03.01.2021) во 15.00 часот во полициска станица Радовиш го приведоа Т.К.(24) од Радовиш, кој бил идентификуван како возач на патничкото возило од снимката.

Тој, на 30.12.2020 околу 22.00 часот на ул.„22 Октомври“, пред угостителски објект, со своето возило преминал преку површина наменета за пешаци (шеталиште) и постапил спротивно на поставен сообраќаен знак за ограничување на движење на возило. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 124, став 3, како и член 187, став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, велат од МВР.

Поврзани новости