568
Дваесет и едногодишен кичевец е лишен од слобода откако вчера попладе нападнал вработен во Шумска полиција при одземање товарно возило со бесправно исечени дрва.
-Вчера попладне околу 18.00 часот на влезот од Шумската полициска станица во Кичево од слобода бил лишен Б.В.(21) од Кичево поради тоа што физички нападнал вработени во Шумска полиција кои преземале службени дејствија – одземање товарно возило со бесправно исечени дрва. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димоски