На Катица Јанева и се слоши во судница

by fokus

На дешното рочиште за случајот “Рекет” и се слоши на обвинетата Катица Јанева, а додека обвинетиот Бојан Јовановски даваше одбрана.

Судијката Васка Николовска Масевска даде пауза од 15 минути.

Претходно Боки 13 истакна дека “Рекет” е направен за спас на бизнисменот Орце Камчев од случајот “Империја” и за рушење на СЈО и Катица Јанева.

Тој за екс специјалната обвинителка имаше само убави зборови, па рече дека со неа зборувал за љубовни проблеми, а не за случајот “Империја”.

-Катица Јанева е народна жена, исклучително чесна, професионална, жена каква немам видено во светот на медиумите каде сум видел разни профили на луѓе. Примерот на Катица е сосема различен од другите беше непосредба, либерална. Со неа сум разговарал за теми мода, семејни работи, љубовни работи, немала предрасуда за мојата сексуална определба, a сум бил многу пати предмет на дискриминација, рече Јовановски.

Поврзани новости