На Кајмакоски му тргна во љубовта: Ти си се што некогаш сум побарал!

by fokus

Поп пејачот Даниел Кајмакоски, кој се прослави во регионот по победата во музичкото шоу Икс фактор Адриа, не крие дека конечно му тргна во љубовта. Иако не го открива идентитетот на црнокосата девојка, чии фотографии ги објавува, тој јавно и порача дека го усреќила.

-Ти се се што некогаш сум побарал! Ти благодарам што ме туркаш напред кон моите соништа секојдневно. Се чувствувам благословено – објави тој на социјалните мрежи. Пред тоа пак, откри дека девојката му подарила куче од расата кокер шпаниел, на кое му го дале името Нера.

-Љубов на прв поглед. Добредојде во фамилијата Нера! Големо благодарам на мојата девојка која заедно со кокер шпаниелот ме направија толку среќен! Благословен и заљубен – напиша Кајмакоски, кој веќе извесно време живее во Србија.

Музичарот пред десеттина дена наполни 39 години. За прв пат го привлече вниманието на јавноста во 2013 година, кога настапи на Икс фактор Адриа. Потоа беше и македонски претставник на Евровизија, но не се пласираше во финалето, а доби и награда за ,,Откритие на годината” на манифестацијата Златна бубамара на популарноста во 2014 година.

Иако почетокот на кариерата му беше ветувачки, сепак во годините откако е активен на сцената, не постигна забележителни успеси со нови музички материјали. За разлика од него пак, неговата поранешна сопруга со која имаат син, поранешниот модел Кристина Димитри, од минатата година е посветена на градењето на музичката кариера.

Настапува заедно со диџеј Боно, и летово го поминаа со редовни ангажмани во клубови низ цела земја. Снимија повеќе песни, а последната ја промовираа на ,,Макфест 2022” во Штип, викендов.

Во последното интервју за ,,Фокус” таа раскажа дека му посакува се најдобро на Даниел со новата љубов, бидејќи тој бил одамна завршено поглавје во нејзиниот живот. Откри дека професионално е посветена на музичката кариера, и се пронашла во естрадниот живот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости