513
На екс министерката Гордана Јанкулоска, која е во деветиот месец од бременоста, ќе и се суди посебно за случајот за масовното нелегално прислушување „Таргет и Тврдина“.
Оваа одлука денеска беше донесена во Кривичниот суд, откако СЈО побара да и се суди одделно поради ефикасност на постапката со оглед на тоа што Јанкулоска е бремена.
Освен неа во случајот обвинети се и екс директорот на убк Сашо Мијалков, поранешниот негов шеф на кабинет Тони Јакимовски како и Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во Грција откако беше одбиено барањето за нивна екстрадиција во земјава.