Од пред Собрание, демонстрантите отидоа пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ, пејат „Народе Македонски“

by fokus 12:08
12:08

Демонстрантите кои се против промена на името Македонија од пред Собранието се упатија кон белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, каде бараат средба со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

Тие застанаа пред канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов на Рекорд, каде го скандираат неговото име.

- Advertisements -

Движејќи се кон седништето на опозицијата, тие ги скандираа песните „Едно име имаме“ и „Земјо Македонска“, а пред белата палата тие скандираа „Македонија, Македонија“ и запејаа „Народе Македонски“.

Фото: Томислав ГЕОРГИЕВ

Поврзани новости