576
непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, информираа од СЈО.
Случајот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи.
„Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да им се наштети на угледот на обвинителката и на самото Специјално јавно обвинителство“, наведуваат од СЈО.