На инфективните оддели во Македонија се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19

by Fokus

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 917 пациенти со Ковид-19 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени пет пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациент со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Поврзани новости