На инфективните оддели се лекуваат 1663 пациенти, во Скопје за 24 часа 48 хоспитализирани

by fokus 13:21
13:21

Вкупно 1663 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 380 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 702 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

- Advertisements -

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекува вкупно 961 пациент позитивен и суспектен на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и еден пациент бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен исто така еден нов болен, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 294 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 141 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 12 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 65 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 95 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 151 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 91 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 90 болни, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 116 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 90 пациенти, во Кочани 27, во Кичево 25, Кавадарци 55, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Поврзани новости