Амбасадата на САД го поздрави усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси

by fokus 13:34
13:34

Американската амбасада во земјава го поздрави усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година.

– Ова е важен чекор, но вистинскиот напредок ќе биде валоризиран од успешната имплементација на стратегијата. Борбата против корупцијата и организираниот криминал и јакнење на владеење на правото се критични за Северна Македонија и клучен фокус на нашето стратешко партнерство, објави Амбасадата на САД на својата страница на Фејсбук.

- Advertisements -

Собранието на Северна Македонија на вчерашната седница ја усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција.

Поврзани новости