619
Болничките капацитети дополнително се полнат со нови пациенти заразени со корона вирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. Притоа, на кислородна поддршка се 123 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле, пак, хоспитализирани се 8 позитивни и 4 суспектни деца на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 5 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 59, а во болницата во Штип се 48 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 336 позитивни и сомнителни на Ковид-19.