Жена нападнала дете на игралиште во Германија, по што извадила нож и секира и почнала да им се заканува и на неговите родители. Инцидентот се случи во саботата во Сарбрикен-Бурбах.
Како што пренесуваат германските медиуми, додека децата си играле, а родителите стоеле, една жена му пришла на едно од децата и го удрила по глава. Кога татко му влетал да му помогне на детето, жената извадила секира и нож и почнала вербално да ги напаѓа него и неговата сопруга, а потоа се свртела и почнала да бега.
Била повикана полиција која ја пронашла жената недалеку од игралиштето. Не сакала да ги предаде секирата и ножот додека не и се заканиле со електрошокер. Потоа го спуштила оружјето и била приведена.
Во моментот на злосторството, како што информираат од полицијата, таа била во исклучително тешка психичка состојба, и била пренесена во психијатриска болница.
Децата кои во моментот на инцидентот биле на игралиштето се во шок. Детето кое било нападнато од жената не е тешко повредено.