На Груевски, Јанакиевски и Трајковски ќе им се суди за уривањето на „Космос“, судот го прифати обвинението

by fokus

Советот за оценка на обвинителен акт при скопскиот Кривичен суд го прифати обвинението за случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, потврдија за МИА од СЈО.

Согласно АКМИС системот, предметот ќе биде распореден на судија за натамошно постапување, кој треба да закаже термин за одржување на главна расправа за „ТНТ“

„ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Апелацискиот суд на 4 ноември одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос да можат да се користат како докази во судската постапка.

Во овој предмет на СЈО осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, како и уште четири други лица.

Поврзани новости