ДУИ: Ахмети ја започна дебатата за геноцидните злосторства против Албанците

by fokus

Претседателот на интегративците, Али Ахмети, утре ќе одржи говор за време на церемонијата во Зајас во Кичево каде што ќе бидат погребани посмртни останки на албанските жртви од масакрите од  1913 година, па се до втората светска војна, велат од ДУИ. На овој начин, додаваат од партијата, Ахмети ќе започнува дебатата за геноцидните злосторства против Албанците.

Ахмети ќе го одржи говорот како иницијатор на Активностите за расветлување на геноцидните злосторства  врз Албанците од минатиот век, а по барање на Организацискиот Совет за откривање на злосторствата.

„Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз Албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево со почеток во 13.00 часот. Пред извесно време,  во Зајас и во други места во Кичево беа откриени масовни гробници на жртвите од масакрите врз Албанците од 1913 година, па се до втората светска војна“, велат од ДУИ.

Поврзани новости