Судот го прифати обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Титаник“, каде првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и поранешниот лидер, Никола Груевски, се обвинети за изборни измами.
„Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителниот акт на Специјалното јавно обвинителство, донесе решение со кое обвинителниот акт го одобри во целост“, соопштуваат од судот
Во случајот „Титаник“ обвинети се вкупно 21 лице. Освен Груевски, обвинети е и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Мартин Протогер, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, поранешниот генерален секретар на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Сите се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.