Маж загина во сообраќајка во Кочани

by Fokus

Триесет и четиригодишниот Д.А. од кочанското село Бели синоќа загинал на  регионалниот пат Штип – Кочани, кај мостот на Тркањска Река.

Според полицијата, несреќата се случила синоќа во 22 часот, кога 34-годишниот Д.А. се движел со своето возило на патот од Штип кон Кочани, при што од засега непознати причини излетал од коловозот.

На местото на несреќата лекар и медицинска екипа од Итна медицинска помош од Општата болница во Кочани констатирале смрт кај Д.А.

 

Поврзани новости