Горазд Исаковиќ е ведро и весело дете кое на осуммесечна возраст е забележано дека не може да застане на своите нозе. Родителите го носеле на прегледи каде им било кажано дека состојбата ќе се нормализира со растење на малиот Горазд.
Но, не се случувало ништо позитивно. Напротив состојбата одела на полошо. Годините поминувале а Горазд животот го минува во количка.
Констатирана е дијагноза на проблем со колковите и колената за која треба да се напреваат соодветни операции. Истите успешно се вршат во Клиничкиот центар во Белград.
Родителите на Горазд ја посетиле оваа болница, направиле прегледи и им била закажана операција на 10 ноември 2018 година поради итност на случајот и возраста на Горазд. Операцијата на колковите и колената заедно со рехабилитацијата во Белград ќе чинат 14.000 евра.
Неговите родители, иако со ниски примања досега успеале да соберат 10.000 евра, но, потребни им се уште 4000 за да можат да го однесат малиот Горазд на оваа за него животно значајна операција.
Извор – https://bidihumansega.mk/deca/za-gorazd-isakovikj?fbclid=IwAR1IBm-IibvO7LvwPHyonM2BkkaUEaDUW_Fp6eRpquW761muaL0Ko-PTP88#.W70mQsi6_TI.facebook