Полицаец со службено возило се судри со мотоцикл во Битола, мотоциклистот пренесен во болница

by fokus

Полициско возило марка „опел астра“ учествувало во сообраќајна несреќа во која е повреден 57-годишен битолчанец кој управувал со мотоцикл. Сообраќајката се случила вчера во 10.55 часот на крстосницата од улиците „21-ва“ и „Васко Карангелески“ во Битола

„Се судриле патничко возило „Опел Астра“ со битолски регистaрски ознаки, сопственост на МВР на РМ, управувано од С.М.(47) и мотоцикл „Трува“ со битолски регистарски ознаки, управуван од П.Т.(57) од Битола. Во незгодата П.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

 

Поврзани новости