На Ѓорѓи Тренковски повторно ќе му се суди

by fokus

Тренковски, беше притворен во ноември 2009 година, поради обвинение за двојно плаќање на фактури. Судскиот процес почна во декември 2010 година, а во 2012 година доби ослободителна пресуда. Оваа пресуда падна на Апелација, по што, во 2013 година, по втор пат Основниот суд Скопје 1 одлучи  да го ослободи од вина. Сега, сучајот се враќа по трет пат.

-Советот на Апелациониот суд – Скопје по јавно одржана седница донел пресуда КЖ-636/14 со која ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство, а кривичниот предмет се враќа на повторно судење пред првостепениот суд, информираа денеска од Основниот суд Скопје 1.

Заедно со Тренковски, со обвинението беше опфатена и тогашната директорка на „Градски аптеки“, Весна Огненовска, поради сомнение за финансиски малверзации тешки 450 илјади евра со двојно плаќање лекови.

Тренковски тогаш тврдеше дека тој како директор немал контакти со должничко- доверителски односи со ниту една аптека. Според него, тоа било во надлежност на подрачната единица на Фондот за здравство.

Сега, обвинетите повторно ќе влезат во судница.

 

Поврзани новости