631
За време на вчерашните протести против Договорот од Преспа во Атина, група на демонстранти кои поминувале покрај домот на амбасадорот на САД, Џефри Пајат, испишале слоган со навредлива содржина: „Македонија земја на Грците“.
30 лица биле повикани на информативен разговор во врска со овој случај.
Домот на Пајат во Атина се наоѓа во близина на самата амбасада на САД и не е прв пат да биде мета на демонстрантите кои протестираат против Договорот од Преспа. Претходно беа испишувани графити против империјализмот на САД.
Протестите продолжуваат и денеска додека во грчкиот парламент се одвиваат последните часа од расправата, која треба да резултира со ратификација на Договорот.
Фото: Катимерини