На денот на здравјето, матичните лекари на протест

by Fokus

На 7 април, Денот на здравјето, матичните лекари ќе протестираат пред министерството за здравство.

Од Здружението на приватни лекари ги повикаа сите колеги, докторите и медицинските сестри од примарните здравствени установи, утре во 12 часот да го изразат своето незадоволство на мирен протест.

„Овој е трет протест и го правиме за сите нас. За да има доктори и медицински сестри во секое населено место. За да останат и младите во државата, а возрасните доктори да можат да работат достоинствено до пензија. Милион закони се сменија, огромен број на министри се сменија, но само законот за доктори останува ист“, вели доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението.

Поврзани новости