Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980), на 4 мај 1980 година почина во клиничкиот центар во Љубљана.
Тито почина на 88 годишна возраст во 15.05 часот. Секоја година на денот на неговата смрт неговиот вечен дом го посетуваат илјадници посетители, чекајќи од раните утрински часови да влезат и да му се поклонат.
На неговиот погреб присуствува највисоки светски државници и политичари, како што се Индира Ганди, Густав Хусак, Тодор Живков, Маргарет Тачер, Роберт Мугабе, Јасер Арафат, Муамер Гадафи, Јасер Арафат, Леонид Брежњев…и делегации од 128 земји.
Неговиот гроб се наоѓа во Куќата на цвеќињата на Дедиње во Белград.
Јосип Броз Тито на чело на СФРЈ бше 35 години. Десет години по неговата смрт земјата се распадна во крвава граѓанска војна.