Полицските службеници од Одделението за внатарешни работи во Дебар при рутинска контрола на патничко моторно возило со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, кај неговиот сопатник пронашле и одзеле дрога хероин.
-На регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на Хидроелектраната „Шпиље“, при преглед на патничко возило „шкода“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(39) од Дебар, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар, кај сопатникот Р.Ј.(33) од Дебар, пронашле и одзеле хероин, кој тој се обидел да го проголта, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатарешни работи – Охрид.
Додава дека подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле одредена количина марихуана.
Р.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.