Дисциплинска инспекција ги истражува прашањата за докторот Ли кој два пати „почина“

by Fokus

Кинеската централна дисциплинска инспекција најави дека денеска ќе испрати стручни лица во Вухан за да ги истражат прашањата кои луѓето ги поставуваат во врска со докторот Ли Венлианг кој меѓу првите предупреди за опасноста од вирусот.

Ли, офталмолог во болницата Вухан, епицентарот на ширењето на коронавирусот, почина во петокот како последица од вирусот. Неговата смрт предизвика голема тага во јавноста, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој претходно открил дека бил еден од 8-те лица кои полицијата во Вухан ги привела во декември поради “ширење гласини“.

После контрадикторните информации кои во текот на вчерашниот ден стигнуваа за кинескиот лекар кој меѓу првите предупреди за опасноста од коронавирусот во Вухан, од болницата каде што работел тој стигнала официјална потврда дека тој сепак починал.

Кинеските медиуми вчера предизвикале забуна, откако ги отстраниле известувањата за смртта на лекарот Ли Венлианг и ги замениле со информации дека се во тек обиди да се спаси неговиот живот.

Ли Венлианг бил еден од првите лекари кои предупредиле на опасноста од коронавирусот во Вухан, но локалните власти се налутиле што го направил тоа.

Поврзани новости