На четвртиот самит на Советот на Европа ќе се разговара за мирот и човековите права

by Fokus

Премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир и генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, ја пречека македонската делегација на четвртиот Самит на Советот на Европа што се одржува во Рејкјавик.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на самитот како од македонската делегација предводена од Бојан Маричиќ заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања.

На четвртиот Самит на Совет на Европа лидерите ќе разговараат на теми кои се однесуваат на мирот и почитувањето на човековите права.

„Целта на Самитот е да се обединат земјите членки кон принципите за демократија, обезбедувајќи јасно заедничко разбирање за тоа како ја обезбедуваме и зајакнуваме демократијата во Европа“, соопшти Владата.

Агендата на Самитот опфаќа и дискусии на тркалезна маса на различни теми како што се човековите права, демократијата, владеењето на правото животната средина, вештачката интелигенција и дигиталниот развој, како и работна вечера што ќе биде посветена на Украина.

Исланд на крајот на самитот официјално ќе и го предаде на Латвија претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Латвија е следната земја-членка што ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа за период од шест месеци.

Поврзани новости