269
Зголемена фреквенција на возила утрово има на два гранични премини во државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според информациите во него, за излез од државата на „Богородица“ кон Грција и за влез на „Табановце“ од Србија се чека по околу половина час.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП ’Табановце‘ за влез и ГП ’Богородица‘ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата“, соопшти АМСМ.
На државните патишта, пак, по вчерашното невреме во дело од земјава сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.