287
На граничниот премин Блаце вчера бил приведен 28-годишен Косовец.
„Вчера во 08.50 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(28) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка“, информираат од МВР.