Силвио Берлускони (86), поранешниот италијански премиер се реанимира во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано.
Берлускони беше примен таму откако беше откриено дека има леукемија.
Еден од најважните политичари во историјата на Апенинскиот полуостров бил примен на одделението за интензивна нега, а поради ослабен имунитет поради леукемија, му била дијагностицирана пневмонија, а имал и проблеми со откажување на бубрезите.
Berlusconi, il figlio Luigi arriva al San Raffaele #luigiberlusconi #silvioberlusconi #localteam pic.twitter.com/YFCHsxbHwK
— Local Team (@localteamtv) April 7, 2023
Тој во изјава за италијанските медиуми од болницата рече дека и овојпат ќе се извлече, а се осврна на бројните случаи на хоспитализација што ги има во последниот четврт век.
Неговите сериозни здравствени проблеми започнаа уште во 1997 година, кога беше примен во истата миланска болница „Сан Рафаеле“ во мај истата година.
Потоа беше опериран поради тумор на простата. Здравјето на поранешниот италијански политичар уште повеќе се искомплицира во 2016 година кога имаше операција на отворено срце во „Сан Рафаеле“ при што му беше заменета аортната валвула.
Во текот на летото 2020 година, Берлускони се соочи и со коронавирусот. КОВИД-19 оставил последици поради кои неколкупати бил хоспитализиран на кратки временски периоди. Во јануари 2021 година, тој исто така беше примен во болницата во Монте Карло.
Берлускони, кој беше хоспитализиран во средата наутро, го посетија синовите Силвио и Луиџи, ќерката Марина, како и братот Паоло.
Покрај него постојано е Марта Фасина, девојката на Берлускони, а со него телефонски разговарале италијанската премиерка Џорџа Мелони, како и министерот за инфраструктура Матео Салвини.
Хроничната миеломоноцитна леукемија на Берлускони не е класифицирана меѓу најтешките форми и може да се третира со тип на хемотерапија од најновата генерација која делува на ДНК.