На автопатот Скопје-Гевгелија: Возило со мигранти бегало од полиција и се забило во метален столб

by fokus

25-годишно лице од Германија со место на живеење во Орланци, скопско е приведено, откако превезувало мигранти а на знак на полицијата почнало да бега со автомобил „Опел“ при што удрило во метален столб.

„На 25.09.2018 година на автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, се движеле две патнички возила „Опел Зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки за кои имало сознанија дека превезуваат мигранти. Полициски службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале. Возилото „Опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб. Возачот избегал од местото на настанот, но по преземени мерки и активности во 22.00 часот бил пронајден и лишен од слобода. Се работи за лицето  Е.Ј.(25) од Германија, а со место на живеење во с.Орланци, скопско. На местото биле пронајдени девет лица-мигранти од Иран. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости