529
По усшешната солидарна акција во која беа собрани над 15 500 евра донации за поддршка на демонстрантите што се соочуваат со прекршочни и со кривични пријави, Шарената револуција најавуви и други акции за собирање на финансиски средства.
Така, една од следните акции ќе биде аукција на постерите со ликовите на политичарите кои беа боени од страна на демонстрантите за време на протестите: претседателот Ѓорге Иванов, поранешната министерка Гордана Јанкулоска и поранешниот премиер Никола Груевски.
Граѓанската организација најавуви и дека е во процедура и отворање на жиро-сметка на која граѓаните ќе можат да донираат парични средства.