514
Српскиот претседател Александар Вучиќ за 27 мај годинава свика вонредна седница на Српската напредна партија (СНП).
Според информациите, тој на седницата ќе поднесе оставка од претседателската функција.
„Уште не знам кој ќе ме замени на чело на партијата, имам предвид тројца-четворица луѓе, но знам дека некои и ќе ја напуштат партијата“, изјави Вучиќ минатиот петок.
Александар Вучиќ е претседател на СНП од 2012 и оттогаш во два мандата беше премиер, а од 2017 и претседател на Србија.
Тој изјави дека ќе остане член на партијата, а напомена и дека веќе работи на формирањето на ново движење.
„Го формирам Народното движење за Србија, кое ќе биде пошироко од СНП и би сакал во него да вклучам и луѓе кои не се членови на партијата“, рече Вучиќ.