На 26 февруари пресуда за незаконското масовно прислушување во УБК

by fokus

Вчерашното маратонско рочиште за случајот “Таргет и Тврдина”, на кое се даваа завршни зборови го одложи судењето за случајот “Тортура”. Предметот за масовното незаконско прислушување и на 26 февруари ќе го одложи закажаното рочиште за “Тортура”, односно за апсењето на Љубе Бошкоски, бидејќи за тогаш е закажана пресудата.

Причината за одложување е што и во двата случаи обвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

-Расправата за “Тортура” насрочена за 26.02.2021 година нема да се одржи, а
сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед да дел од обвинетите
и нивните бранители се опфатени во предметот означен како „Таргет-тврдина“ насрочен за посочените термини и кој е во фаза на завршни зборови.

Следниата расправа е насрочена за 08.03.2021 година за што веќе се
известени странките во постапката, велат од Кривичниот суд.

Поврзани новости