Косовскиот наркобос Кељменди уапсен па пуштен на слобода

by Фокус

Косовецот Насер Кељменди, кој се поврзува со трговија на дрога, е пуштен на слобода откако претходно во текот на денот беше приведен во Полициска станица во Лозница, пишуваат локалните медиуми.

При приведувањето на Кељменди, кај него не било пронајдено ништо што би можело да го поврзе со некое кривично дело.

Нема официјални информации заради што е приведен.

Инаку, тој во 2018 година во Приштина беше осуден на шест години затвор заради поседување дрога.

Во исто време беше ослободен од обвинение за организиран криминал и за убиство на Рамис Делалиќ од Сараево.

Кељменди до 1999 година живееше во Пеќ, а после војната се преселил во Сараево.

Поврзани новости